ВМРО-ДПМНЕ повторно ќе протестира пред Министерството за здравство

од Nikola Popovski
196 прегледи

„Да повикаме оставка на Филипче за спас на народот. Оставка на оние кои на своја совест носат 4 357 мртви. Протест на ВМРО-ДПМНЕ во сабота во 11.30 часот, пред министерството за здравство. Оставка на Филипче, за спас од неспособноста која убива“, вака опозициската ВМРО-ДПМНЕ го најавува новиот протест викендов пред Министерството за здравство.

Според нив, додека луѓе умираат, единствено што се гради е хациендата на Филипче на Водно.

„Медицинскиот персонал голорак се бори против корона пандемија. Вакцините ги има само во изјавите на Филипче, граѓаните не ги гледаат. Да го подготвеа здравствениот систем по појавата на корона вирусот ситуацијата ќе беше поинаква. Граѓаните ги оставија да молат за лек, да молат за болнички кревет, да се задолжуваат. Медицинскиот персонал го истоштија“, стои во соопштението на партијата.

Слични содржини