274
Шпанскиот премиер, Педро Санчез денеска изјави дека се надева дека до крајот на 2022 година, Шпанија исто така ќе развие вакцина против коронавирус.
Тој при посетата на фармаколошката компанија ХИПРА во Џирона, која развива вакцина против коронавирус, рече дека има големи надежи за развој на таа вакцина, пренесува шпански „Ел Паис“.
„Владата ќе ви помогне со сите расположиви средства во овој процес. Сите можеме да придонесеме Шпанија да добие своја вакцина “, рече Санчез во разговор со претставници на компанијата, пренесува Танјуг.