401
Кошаркарската федерација на Македонија објави дека нашата најдобра репрезентација ќе добие нов селектор.
Тодоров имаше договор со КФСМ до крајот на квалификаиците за ЕП 2021, а откако не успеа да се пласира ќе има промена на клупата.
Од федерацијата објавија дека во понеделник на прес-конференција ќе биде промовиран новиот селектор.
„Кошаркарската федерација ве повикува на прес-конференција која ќе се реализира на 19. април (понеделник), со почеток во 12:00 часот, на терасата на хотелот „Солун-СПА Супериор“ во Скопје. На прес-конференцијата ќе биде претставен новиот селектор на машката сениорска репрезентација“, стои во соопштението на Федерацијата.