Лапорта верува дека Меси и следната сезона ќе игра на „Камп Ноу“

471 прегледи

Претседателот на Барселона, Хуан Лапорта е убеден дека Лионел Меси ќе остане на „Камп Ноу“.

Се ближи моментот на одлука, засега нема конкретна понуда од администрацијата на Барселона, но Лапорта не е загрижен.

Тој за „Депортес Кватро“ изјави дека е „убеден дека Меси сака да продолжи да игра во Барселона“.

„Преговорите одат добро“, кратко прокоментира Лапорта.

Тој исто така беше запрашан дали клубот е подготвен да ангажира засилувања во летниот преоден рок.

Поточно, станува збор за Ерлинг Холанд или Бразилецот Нејмар.

Овојпат Лапорта кратко ја прокоментира и ситуацијата што им дава надеж на навивачите на Барселона.

„Она што треба да се направи ќе биде направено на добар начин“, заклучи Лапорта пред гостувањето на тимот во Севиља во финалето на Купот на кралот.

Слични содржини