639
Нема разлика помеѓу кривичното дело врзано за софтверот на Драги Рашковски и изградбата на проектот планиран кај паркингот кај „Холидеј Ин“, смета Слаѓана Тасева, инаку претседателка на Транспаренси Интернешнл во рамки на своето гостување во Алсат Тв.
„Бидејќи кривичното право подеднакво се применува во сите ситуации, не гледам разлика помеѓу ситуацијата со Генералниот секретар во владата и тендерот за јавна набавка и овој случај за којшто сега зборуваме, планот за градење спроти Холидеј Ин. Како е направен без да се почитува ГУП, како не се испочитувани сите процедури, како се носени одлуките“, вели Тасева.