ОН потврдија дека Иран го збогатува ураниумот, тоа е чекор поблизу до нуклеарното оружје

од Stefanija Kuzmanovska
308 прегледи

Иран започна процес на збогатување на ураниум до 60 отсто чистота во надземната нуклеарна централа во Натанц, соопшти во саботата Агенцијата за атомска енергија на Обединетите нации, потврдувајќи ги претходните изјави на ирански официјални лица.

Со оглед на тоа што овој потег е голем чекор кон производството на ураниум за нуклеарно оружје, тој во голема мера ги комплицираше разговорите во врска со заживување на иранскиот нуклеарен договор со големите сили.

Иран претходно достигна 20 отсто чистота на ураниумот, што веќе беше кршење на договорот, кој вели дека чистотата на ураниум може да биде само до 3,67 отсто.

Ова е одговор на Иран на експлозијата

Од Иран, чистотата на ураниумот ја зголемија на 60 отсто како одговор на експлозијата што ја оштети опремата за збогатување ураниум во поголемата, подземна фабрика во Натанц. Техеран го обвини Израел и го именуваше човекот кој се бара во врска со експлозијата.

„Агенцијата денес потврди дека Иран започнал со производство на UF6 ураниум со чистота до 60 отсто во надземната фабрика за збогатување на гориво Натанц (PFEP)“, се вели во соопштението на Меѓународната агенција за атомска енергија (IAEA).

Слични содржини