Николовски: Горд сум, чест и одговорност ми е што со години сум дел од СДСМ

од Берта Китинска
134 прегледи

Вицепремиер за борба против корупцијата Љупчо Николовски преку својот Фејсбук профил го честиташе 30-тиот роденден на СДСМ.

-Да се биде дел од СДСМ е да се биде дел од големо, сплотено социјалдемократско семејство посветено на нашата татковината, посветено на подобра иднина за сите.30 години СДСМ заедно со граѓаните води храбри, државнички политики што носат напредок, развој и интеграција. Низ сите важни процеси за нашето општество СДСМ остави траен државнички белег. Денес, нема поголема чест и одговорност од тоа да си дел од најмодерната, најсилната, најголемата и најразноликата политичка партија која е вклучена во сите важни историски процеси за граѓаните, за државата. Горд сум, чест и одговорност ми е што со години сум дел од СДСМ партијата што секогаш го почитувала минатото, но храбро чекорела кон иднината, партијата што никогаш не се колебала да преземе храбри чекори.Нека е среќен, нека е честит 30тиот роденден наш СДСМ!, пишува Николовски.

Слични содржини