Наскоро ќе започне масовната имунизација во салата „Билјанини извори” во Охрид

од Andreja Salpe
298 прегледи

Во тек е подготовка на спортската сала „Билјанини извори“ во Охрид каде наскоро ќе почне масовна имунизација на жителите од овој регион. Министерот за здравство, Венко Филипче истакна дека во салата се подготвуваат 28 вакцинални пунктови, на кои дневно е во план да се вакцинираат над 1.500 граѓани. 

За вакцинација во салата ангажирани се 50 медицински сестри, 10 лекари и 24 административни работници.

Вакциналните пунктови ќе работат во две смени.

Во тек е подготовка на спортски сали за масовна вакцинација во Битола, Кавадарци, Штип, Куманово и Тетово.

Слични содржини