Јутјубер сака да биде градоначалник на Лондон, според анкетите не му оди лошо (ВИДЕО)

од Vladimir Zorba
170 прегледи

Јутјуберот Нико Омилана е во изборна трка за градоначалник на Лондон.

Овој 23-годишник има 3,5 милиони претплатници само на „Јутјуб“, а го следат повеќе луѓе на социјалните мрежи отколку сите други 19 кандидати заедно.

Анкетите покажаа дека Омилана може да добие пет проценти од гласовите на изборите, што го става во позиција на најпопуларен кандидат кој не е од една од четирите главни политички партии таму.

Тој беше поддржан и од неговите колеги Јутјубери, популарните Кемстар и КСИ и се чини дека може да смета на голема поддршка на помладата популација во Лондон, чии интереси вети дека ќе ги брани доколку биде избран за прв човек на градот.

Омилана е еден од 20-те кандидати на изборите што требаше да се одржат минатата година, но беа одложени поради пандемијата и ќе се одржат на 6 мај.

Актуелниот градоначалник, Садик Кан, кој дојде на оваа функција во 2016 година, се предвидува повторно да победи, но не со толку голема предност како што беше предвидувано.