Норвешкиот одбранбен аташе, потполковникот Егил Далтвејт го демантира пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Бојан Стојаноски, дека норвешки воени експерти оцениле дека македонскиот главен хирург, не знае да изврши основни хируршки операции.
– Пред два дена, пратеникот Бојан Стојаноски во Собранието тврдеше дека има информации за содржината на норвешкиот воен извештај. Тој тврди дека во овој извештај норвешките воени експерти оцениле дека македонскиот хируршки тим не може сам да ги извршува своите должности. Тој исто така тврди дека македонскиот главен хирург не знае да изврши основни хируршки операции. Има многу проблеми во неговата изјава. Прво, нема таков извештај, и ако го имаше, можам да ве уверам дека чувствителните воени извештаи во норвешката армија не се достапни на други, освен на оние кои треба да ги знаат, вели во соопштението норвешкиот одбранбен аташе, потполковникот Егил Далтвејт.
Тој исто така вели дека ако обвинувањата биле точни тимот немаше да биде на должност во Кабул одговорен за спасување на животите на сојузничките и норвешките војници кога е потребно.