Вучиќ: Ќе се вратиме во нормален живот кога ќе достигнеме 3 милиони вакцинирани

од Vladimir Zorba
172 прегледи

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, рече дека верува оти државата ќе може да се врати во нормален живот кога Србија достигне три милиони вакцинирани граѓани.

Вучиќ за Радио Телевизија Србија рече дека втората доза на вакцина најверојатно ќе ја прими во Дољевац во вторник, наведувајќи дека само 12 проценти од луѓето биле вакцинирани на тоа место.

Најави дека во понеделник во Србија ќе пристигнат уште половина милион дози од кинеската вакцина Синофарм.

Според него, задолжителната вакцинација на децата ќе се дискутира до крајот на годината.

Слични содржини