303
Сѐ уште е рано да се каже колку ќе чини реализацијата на евентуален договор помеѓу државата и компанијата изведувач на патните коридори во земјава, вели во вечерашното гостување во емисијата „360 Степени“ на Алсат министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски. Како што додава тој, првичните сознанија за сумите би биле познати откако би се направил драфт – договорот.
„Министерството за финансии ќе го има таму клучниот збор како и на кој начин ќе се оди со финансирање на овие патишта. Во моментите кога ќе знаеме колкаво ќе биде задолжувањето, можеби ќе бидат одредени кредити, но да не прејудицирам и да не влегувам во нешто што не ми е ресор и за нешто што е премногу рано да говорам“, рече Бочварски.