Скоро 10.000 луѓе се собрале синоќа во Ереван во пресрет на годишнината од масакрот на Османлиите во Ерменија во 1915 година. Американскиот претседател Џозеф Бајден може да го признае масакрот како геноцид.
Собрани носеле факели и тргнале кон центарот на градот до споменикот на жртвите од масакрот. Некои пееле патриотски песни, пропратени со звук од тапани.
Активисти на националистичките и опозиционите партии на Ерменската револуционерна федерација, кои ја предводеле поворката, го запалиле турското и азербејџанското знаме поради неодамнешниот конфликт во спорната област Нагоро-Карабах.
Once again revanchist group of Armenians are burning Turkish and Azerbaijani flags in central Yerevan. pic.twitter.com/z0aDahUcSu
— Turan Gafarli (@ATuranQ) April 23, 2021
Денот на сеќавање на жртвите во Ерменија официјално ќе биде одбележан утре. Околу 30 земји го признаа масакрот како геноцид, а утре се очекува и Бајден да го стори истото.
Турција и Ерменија се во спор околу масакрот од неколку стотици илјади Ерменци за време на Отоманската империја во Првата светска војна. Ерменија смета дека масакрот е геноцид, додека Турција тоа жестоко го отфрла, тврдејќи дека бројот на мртви е измислен.
Solemn commemoration of 106th anniversary of #ArmenianGenocide commenced on April 23 at 11pm at #Tsitsernakaberd Armenian Genocide Memorial. @ArmPhilharmonic & State Academic Choir of @armenia performs #Verdi's #Requiem led by artistic conductor Eduard #Topchyan.
📷: Armenpress pic.twitter.com/f4O5NlOWsu— Armenia 🇦🇲 (@armenia) April 23, 2021
Признавањето на Вашингтон може да ги влоши тензиите со Анкара, членка на НАТО.
„Ако Бајден признае геноцид, тоа ќе биде огромна морална поддршка за нашиот народ“, рече 46-годишниот Хасмик Мартиросијан, учесник во маршот во петокот.
Ерменија со години бара финансиски надомест од Турција и признавање на имотните права за потомците на жртвите на масакрот.
#Yerevan: Torchlight Procession Commemorates 1915 #Genocide Anniversary https://t.co/WaWBB3Myy6 pic.twitter.com/1p0vbC3WKl
— Armenia 🇦🇲 (@Armenia_Better) April 23, 2021
Историчарите проценуваат дека 1,5 милиони Ерменци биле убиени во Отоманската империја за време и по Првата светска војна, што експертите го сметаат за прв геноцид во 20 век.
Наследникот на империјата, Турската Република, прогласена во 1923 година, негира дека станува збор за геноцид, туку дека биле само жртви на граѓанска војна и немири за време на распадот на Отоманската империја, чиј број бил претеран и дека ималосмртни случаи и на двете страни.
Турција соопшти дека во тоа време починале меѓу 250.000 и 500.000 луѓе.
Фото: ARMENPRESS NEWS