Нереди во Мостар за време на полициски час: Пресметка меѓу навивачки групи (ВИДЕО)

од Nikola Popovski
376 прегледи

Портпаролот на МВР на кантонот Херцеговина-Неретва, Људевит Мариќ изјавил дека едно лице е сериозно повредено во немирите во Мостар во саботата вечерта, а дека 10 лица се приведени.

Мариќ за порталот „Кликс.ба“ изјавил дека во борбата учествувале неколку хулигани кои користеле палки, парчиња дрва и пиротехнички средства.

Со брзата интервенција на полициските службеници, јавниот ред и мир бил ставен под контрола, додал полицискиот претставник.

Причинета е материјална штета на една семејна куќа, а за време на тепачката се оштетени и паркирани возила.

Според неофицијални информации, група од околу 50 млади момчиња кои се членови на навивачката група на фудбалскиот клуб Зрињски, популарните „Ултраси“, влегле во мостарската населба Доња Махала, по што дошло до конфликт со локалното население и некои членови на навивачката група „Црвена армија“, кои го поддржуваат клубот Вележ.

Сè се случило за време на полицискиот час.

Градоначалникот на Мостар, Марио Кордиќ, ги осудил немирите и побара од полицијата што е можно поскоро да даде детали за овој настан.

„Испраќам остри зборови на осуда по синоќешното дивеење на хулигани и нападите врз приватниот имот и граѓаните во населбата Доња Махала, особено што нападот се случил за време на полицискиот час“, рекол Кордиќ.

 

Слични содржини