Најмалку 82 лица загинаа во пожарот што избувна во болницата Ибн ал-Хатиб во Багдад, главниот град на Ирак. Уште 110 лица беа повредени, потврди портпаролот на ирачкото Министерство за внатрешни работи, Калед Ал-Мухан.
Пожарот уследи по експлозија на шишиња со кислород, потврдија за Би-Би-Си портпаролите на болницата.
Снимките на социјалните мрежи покажуваат хаотична сцена додека пожарникарите се борат да го изгаснат пожарот, а здравствените работници спасиле пациенти. Луѓето од целиот Ирак се лекуваа во оваа болница, а голем број од нив беа заразени со коронавирус.
„Екипите за цивилна заштита се уште се на терен и ги истражуваат причините за пожарот“, се вели во соопштението издадено утрово од ирачкото Министерство за здравство, пренесува Кликс.ба.
#Iraq:- At least 82 people were killed and 110 injured in a fire on Saturday at a hospital in southeastern Baghdad that had been equipped to house COVID-19 patients. #Iraq‘s Interior Ministry. pic.twitter.com/ccQ2sqYC8A
— Wᵒˡᵛᵉʳᶤᶰᵉ Uᵖᵈᵃᵗᵉˢ𖤐 (@W0lverineupdate) April 25, 2021