Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, денес изјави дека новиот „нон-пејпер“ за конечно решавање на косовското прашање, за кој, наводно, стојат Германија и Франција, му создава големи грижи, но дека допрва ќе го анализира и ќе изнесе мислење за него.
– Имате многу работи што на Србите би им се допаднале, но тогаш имате и признавање на Косово, што е страшно за Србите. Ќе видиме, полека, не можам да поднесам конечни реакции во рок од пет секунди. Признавањето на Косово е неприфатливо за нас, но ајде да ги разгледаме и анализираме сите други работи што беа понудени – рече Вучиќ во Пуковац.
Тој рече дека нон-пејперот „е составен од некој што е фантастично упатен во косовското прашање и некој кој е многу паметен, многу попаметен и поитар од него“.