Курти: Нема да има разговори на 11 мај во Брисел

од Vladimir Zorba
316 прегледи

Нова рунда дијалог меѓу Белград и Приштина нема да се одржи на 11 мај, како што беше претходно најавено, изјави денеска косовскиот премиер Албин Курти во Брисел.

Курти за телевизијата Н1 изјави дека „тој сигурно нема да биде во Брисел тој ден, но дека ќе учествува на самитот неколку дена подоцна, на кој ќе бидат присутни сите лидери на Западен Балкан“.

Како што рече, „кога станува збор за дијалог, брзината не е важна, туку таа да биде подобро подготвена“, пренесe „Бета“.

Тој додаде дека е потребно „да се постават принципите на дијалогот, и да не се темели само на минатото и индивидуалните интереси“.

Слични содржини