Денеска, по цели 12 години, Шумската полиција доби нови униформи и чизми, а со потпишување на Колективниот договор со кои се уредуваат статусот, правата, обврските и одговорностите на вработените, за првпат се регулира правото за добивање додаток од 30%.
„Ги зајакнуваме капацитетите на шумската полиција. Ги подобруваме условите за работа и ги мотивираме шумските полицајци посветено да придонесуваат кон борбата против нелегалната сеча“, порачува вицепремиерот за борба против корупција и криминал, за одржлив развој и човечки ресурси, Љупчо Николовски.
„ Оваа инстиуција има клучна и исклучителна улога во сузбивањето на организираниот криминал. Се залагаме за намалување на ризиците од корупција и криминал. Го чуваме нашето природно богатство и ја штитиме животната средина.“, вели вицепремиерот