Реакциите не стивнуваат: Онлајн-наставата предизвика главоболки кој вклучен- кој исклучен кој слушнал…

од Берта Китинска
252 прегледи

По најавената реформа за дигитализација на образованието, се формираше група под името „Учебници и настава мора да има“ каде што голем број на родителите јасно посочуваат дека се против тоа.Секојдневно во групата се споделуваат ставови и нови информации во врска со реформите на образованието. Еден член од групата во својот статус посочува дека резултатот од online наставата предизвикала главоболки на учениците и расипан на вид.

-Како професор, а пред се како родител сакам да го споделам својот став во однос на масовната најавена дигитализација во училиштата…Да не oдиме подалеку цела година online настава целосно промашена година на децата…кој вклучен- кој исклучен кој слушнал, а неразбрал… тапкање во место – научено скоро ништо или ради реда…резултатот од online наставата реално главоболки на учениците и расипан на вид …а да и голема инертост и нерасположеност…така кажано и слика и тон нема… смачено им е…одвај чекаат да заврши часот, денот, годината… Ме боли тоа што образованието е света работа, а некој се поигрува целосно да го уништи… Да не дозволиме да си поигруваат со нашите деца и да ни пласираа бајки, а во истите и самите не веруваат…, пишува професорката Крстевска.

Слични содржини