Битиќи: Објавен е повикот за поддршка на угостителската дејност

од Andreja Salpe
187 прегледи

Вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи на денешната седница на Комисијата за јавно – приватен дијалог соопштил дека е Објавен е јавниот повик за финансиска поддршка за угостителите кои имаа целосна забрана за гости.

Од Владата соопштија дека Битиќи истакнал дека јавниот повик е објавен денеска со што мерката три од шестиот пакет е операционализирана и на околу 6.000 компании кои вработуваат околу 17 илјади лица, им се стават на располагање 9,9 милиони евра. Станува збор за угостители регистрирани со шифра на приоритетна дејност 56.10, 56.29 и 56.30.

Рокот за аплицирање е до 10 мај годинава. 

– Сите компании кои се со приоритетни шифри на дејност 56.10, 56.29 и 56.30, без разлика дали вршеле промет со достава во периодот од 7-28 април 2021 година, ќе може да аплицираат за поддршка која ќе има две нивоа и притоа ќе може да добијат еднократна помош од 30 проценти од просечен месечен приход за годините 2019 и 2020, помножен со соодносот на денови кога им било ограничено работењето, како и еднократна помош од 15.200 денари по вработен, при што за пресек на вработени ќе се земе 6 април 2021 година, појаснил Битиќи.

Слични содржини