ТРАГЕДИЈА ВО ИЗРАЕЛ: Повеќе од 40 лица загинаа во стампедо на религиозен фестивал (ВИДЕО)

од Берта Китинска
263 прегледи

Си-Ен-Ен објави дека 44 лица загинаа на фестивалот Лаг Б’омер во подножјето на планината Мерон, каде што десетици илјади ултраортодоксни Евреи се собраа на гробот на еврејски мудрец од 2 век на годишното одбележување на неговата смрт, што ги вклучува -ноќна молитва и оган со оро. Лекарите потврдија дека се повредени 103 лица.

Гробницата на рабинот Шимон Бар Јохаи е едно од најважните светилишта во еврејскиот свет, а овогодинешниот собир по повод неговата смрт е најбројниот во Израел од избувнувањето на пандемијата на коронавирусот пред повеќе од една година.

Полицијата нареди евакуација на аџиите и го забрани пристапот до местото.

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху на Твитер напиша дека станува збор за „голема катастрофа“. „Сите се молиме за благосостојбата на жртвите“, рече тој.

Религиозниот собир беше организиран и покрај противењето на здравствените власти загрижени за ризикот од ширење на инфекцијата.

Слични содржини