Харадинај: Ако Косово не стане членка на ОН и НАТО, ќе се обединиме со Албанија

од Vladimir Zorba
254 прегледи

Претседателот на АБК, Рамуш Харадинај, рече дека ако на Косово не му се дозволи влез во ОН и НАТО, тогаш тоа мора да се обедини со Албанија, пренесе „Репортери“.

Тој посочи дека Албанија е членка на НАТО алијансата и дека и Косово треба да биде членка на западниот воен сојуз.

„Албанците никогаш не биле поблиску до безбедносна организација како што е НАТО. Албанија е во НАТО и ние сме блиску до НАТО. Косово исто така треба да биде во НАТО. Ако на Косово не му биде дозволено да влезе во ОН и да се приклучи на НАТО, мора да се обединиме со Албанија“, рече тој.

Слични содржини