ДОМ: Честит Велигден

од Берта Китинска
215 прегледи

Зелената партија ДОМ на сите верници од христијанска вероисповед им го честита големиот верски празник Велигден, ден на Христовото воскреснување, кое секогаш ни дава надеж и верба во надминувањето на страдањата, верба во победата на животот врз смртта и верба во обновата на добрината, моралот и на човечкото достоинство.

-Ви посакуваме овој Велигден да го прославите со своите најблиски во слога, мир, љубов и радост, со почитување на здравствените мерки за заштита од корона пандемијата, велат од ДОМ.