ВМРО-ДПМНЕ обвинува дека сопругот на Павлина Црвенковска ново назначената претседателка на Судски совет, исто како и Заеви преку неговата фирма земал кредит од Еуростандард банка, и не го вратил.
„Покрај тоа што истата била шеф на кабинет на Бучковски и функционер во владите ма СДСМ, Црвенковска има уште една поврзаност со врвот на СДСМ.
Црвенковска не е и не може да биде непристрасна затоа што е партиски функционер од СДСМ кој низ годините била на високи позиции.
Црвенковска никогаш не била судија, а треба да оценува судии.
Небулозите на СДСМ немаат граници.
Ја повикуваме ДКСК да го забрза случајот со Црвенковска, а ЈО да отвори случај за можни злоупотреби.
Црвенковска да си даде оставка. Нејзиниот кредибилитет е нарушен, а со тоа и се доведуваат под знак прашалник сите нејзини одлуки“, стои во соопштението на најголемата опозициска партија.