Владина делегација оддаде почит и положи цвеќе на гробот на Гоце Делчев по повод годишнината од неговата смрт

од Andreja Salpe
379 прегледи

Делегација на Владата на Република Северна Македонија предводена од министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, заедно со министерката за култура Ирена Стефоска и министерот за финансии Фатмир Бесими, по повод годишнината од смртта на Гоце Делчев, положија свежо цвеќе на неговото вечно почивалиште во црквата „Св. Спас” во Скопје.

Сеќавањето на годишнината од смртта на Гоце Делчев, како знаменосец на македонската револуционерна борба, е и чествување на вредностите што тој ги застапуваше во борбата за слобода и за македонската државност.

Слични содржини