Едно прашање од српскиот квиз „Потера“ стана популарно на социјалните мрежи поради грешките на натпреварувачите кои не следат фудбал.
За многумина, ова прашање е лесно, но еден натпреварувач немаше среќа да претпостави затоа што не следи фудбал.
Имено, прашањето беше „кој Бугарин ја освои Златната топка на францускиот фудбал во 1994 година“, а натпреварувачот беше во дилема меѓу Зоран Ванев и Христо Стоичков, а третиот понуден одговор беше и точниот, односно Дарко Панчев.
Панчев веднаш испадна од конкуренцијата за одговор, а натпреварувачот се двоумеше помеѓу Зоран Ванев, кој е македонски поп-пејач и Христо Стоичков, легенда на бугарскиот и светскиот фудбал.
Поради тоа, снимката од емисијата стана вирална на социјалните мрежи, па дури и Јован Мемедовиќ како водител беше изненаден од одговорот на учесникот во квизот.