Дел од ракетата што го лансираше првиот кинески модул за вселенската станица „Тијанх“ паѓа на Земјата, а не е познато на која локација може да се случи тоа. Падот се очекува на 10 мај.
Јадрото на ракетата висока „Long March5b“ го лансираше модулот „Небесна хармонија“ во орбитата на Земјата на 29 април, пренесува Гардијан.
Тогаш „Long March5b“ влезе во орбитата, што создаде можност за еден од најголемите неконтролирани влезови во атмосферата. Некои експерти стравуваат дека ракетата може да падне во населеното место.
„Потенцијално не е добро. Последен пат кога ја лансираа оваа ракета, нејзините големи метални делови летаа на небото и оштетија неколку згради на Брегот на Слоновата Коска. Повеќето изгореа, но огромни парчиња метал паднаа на земја. За среќа, никој не беше повреден“, рече Џонатан Мекдауел, астрофизичар од Универзитетот Харвард.
Дел од ракетата, според американската војска, орбитира околу Земјата на секои 90 минути со брзина од околу 27,600 километри на час на надморска височина поголема од 300 километри.
Најсеверните точки се Њујорк и Мадрид, најјужните Нов Зеланд и Чиле
За време на викендот, висината на објектот паднала за 80 километри, а според аматерските набљудувања, дел од ракетата ротира и не е под контрола.
Затоа, не е можно да се предвиди каде ќе падне кога атмосферата ќе ја повлече надолу, но Мекдауел изјавил дека објектот најверојатно ќе падне во морето, бидејќи океаните зафаќаат околу 71% од планетата.
Сепак, Мекдауел додава дека некои делови од ракетата може да го преживеат повторното влегување во атмосферата и дека ударот ќе биде еднаков на пад на мал авион од 1.600 метри.
Врз основа на сегашната орбита, најсеверните точки над кои лета предметот се Мадрид и Њујорк, додека најјужните се Велингтон во Нов Зеланд и јужниот дел на Чиле, а ракетата може да падне каде било во таа област.
Со оглед на брзината на објектот, мала промена во траекторијата може многу да влијае на тоа каде ќе падне, а враќањето на Земјата се очекува на 10 мај, со можност да падне два дена порано или подоцна.
Џонатан Мекдауел истакна дека кога ќе се знае денот на падот на површината, експертите можат да го предвидат точното време на ударот во период од шест часа.