144
Македонскиот јазик е нашиот дом, наша татковина. Заштитник на нашиот идентитет и влог во иднината, корен на нашето постоење, напиша Николовски на Фејабук.
– Пред две години, Владата на Република Северна Македонија одлучи 5 мај да го востанови за Ден на македонскиот јазик, ден на неговата раскош и убавина. Наша одговорност е да го чуваме, да го негуваме и унапредуваме за достојно да го предадеме на генерациите по нас.
„Да го славиме нашиот јазик денес и години во иднина“, додава Николовски и го честита Денот на македонскиот јазик .