Вучиќ: Ако сте се заразиле, а не сте се вакцинирале, НЕМА ДА ВИ БИДЕ ПЛАТЕНО БОЛЕДУВАЊЕ

од Vladimir Zorba
209 прегледи

Ако сте биле заразени со коронавирусот, а не сте биле вакцинирани, нема да ви плаќаат боледување, изјави претседателот на Србија, Александар Вучиќ, во утринската програма на ТВ Пинк.

Досегашната практика покажа дека луѓето кои биле заразени со вирусот, и кои работат во јавниот сектор, биле платени 100 проценти за боледување, но тоа не било случај во приватниот сектор.

Имено, имаше многу работодавци кои ја почитуваа препораката на ресорното министерство, но и оние кои ја намалија платата за боледување поради короната за 35%.

Претседателот на Србија, исто така, најави дека сите постари од 16 години, кои досега примиле една или две дози од вакцината или ќе ја примат до 31 мај, ќе добијат дополнителни 3.000 динари од државата.

„До доцна синоќа се консултирав со премиерот и министерот за финансии, размислувавме како да ги наградиме луѓето кои покажаа одговорност, донесовме одлука да дадеме дополнителна финансиска помош за лицата кои беа вакцинирани“, рече тој.

Слични содржини