Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, на денешното гостување на утринската емисија на „Пинк ТВ“ одговори на најавите од Приштина дека ќе покрене тужба против Србија за геноцид.
– Само сакам да испратам порака до оние во Приштина, кои секојдневно се закануваат. Се закануваат со тужби за геноцид! Тужбата за геноцид, која беше единствената што постоеше и денес е единствената што формално правно постои на Косово и Метохија. Тоа би значело дека тие треба да поднесат преку друга земја, поточно Албанија. Што всушност би било почеток на обединување. Само ги молам да не го прават тоа. И нема да кажам ништо повеќе. И, кога ги слушате реакциите на луѓето од странство, и кога велат дека се против промена на границите, мора да знаете дека ве лажат и дека само границите на Србија се за промена! И тогаш тие велат дека тоа е поради хуманитарна катастрофа. Зарем не е хуманитарна катастрофа во Сирија, Авганистан или Ирак. Па, зошто не ја одделивте Басра од Ирак, или Хомс од Дамаск. Не, туку само ја одделувате територијата на Србија. Во Европа, Србија е успешна само без Косово. И што е тоа? Големите сили секогаш го правеле истото и тие сакаат обединување против Србите – вели претседателот.