Измамена кумановка: Платила 810 евра за наводен паричен надоместок

од Берта Китинска
216 прегледи

48 годишната жена од Куманово пријавила  во полиција дека била измамена од скопјанец на кого му платила 810 евра за да  ѝ обезбеди наводен паричен надоместок од држават.

– Според пријавеното, на крајот на април 2021 година лицето и се јавило и ѝ понудило да ѝ помогне, односно да ѝ обезбеди паричен надомест од државата за временски период колку има работено претходно. Според пријавата, откако се договориле, во два наврати ги предала парите на лице од Скопје, по што веќе не можела да стапи во контакт со него и се посомневала дека била измамена, соопшти СВР Куманово.

Полицијата презема мерки за расчистување на случајот.

 

Слични содржини