Турската ривиера очигледно има сè – море, сонце, но и разголени модели. Во претежно муслиманската земја, се разбира, ова не беше добро прифатено.
По плејбојот со украинско потекло, Виталиј Гречин, кој направи разголена фотосесија во Дубаи фотографирајќи група голи девојки, се крена бура и во турската провинција Мугла, спроти грчкиот остров Родос. Како што може да се види на видеото, на една јахта имало двајца мажи и 6 жени.
Според медиумите, тие се Украинки.
– Гледањето на ваква сцена за време на локдаунот, а особено за време на Рамазан, предизвика голем гнев, рече еден локален жител.
Жените биле приведени на распит во полицијата, а една Украинка потоа се огласила на социјалните мрежи.
– Видеото е снимено од некој од соседната јахта, а полицијата интервенираше поради реакцијата на јавноста. Како што знаете, во муслиманските земји е подобро да не се сликате голи. Ако го направите тоа, се препорачува тоа да биде на подискретно и скриено место, изјави таа.
Како што навела, тие се соблекле, не знаејќи дека некој ги снима од далеку. Кога дале изјави во полиција, тие беа ослободени.