Четири дневни центри за поголема социјална инклузија на лицата со посебни потреби се опремени со иновативни реквизити и реквизити за достапност како и професионална ориентација и рехабилитација во рамки на проектот „Создавање на подобри услови за лицата со посебни потреби во Југоисточниот плански регион” поддржани од Швајцарската агенција за развој и соработка, рече за време на посетата министерот за локална самоуправа Горан Милевски.
– Преку Центарот за развој на Југоисточен плански регион заедно со Меѓуопштински Центар за социјална работа – Оддел Дневен Центар за лица со телесна или ментална попреченост во Струмица, ЈУ Меѓуопштински Центар за социјална работа – Оддел Дневен Центар за лица со телесна или ментална попреченост во Гевгелија, Дневен центар за лица со посебни потреби во Валандово, Дневен центар за лица со посебни потреби во Радовиш , преку Швајцарската агенција за развој и соработка се трудиме да им обезбедиме на лицата со тешки пречки во телесниот развој да им обезбеди дневно згрижување, рехабилитација, психомоторна реедукација, индивидуална дефектолошка помош и поддршка, работно-производна активност, работна терапија и други активности, појасни Милевски.
Според него со набавка на предвидената софистицирана иновативна опрема избрана согласно потребите на корисниците, нивниот развој, возраст и попреченост, ќе се овозможи професионално насочување за оспособување на лицата со посебни потреби и нивно идно вклучување во пазарот на трудот, за психомоторен развој и достапност до нивна посакувана локација.
– Во рамките на проектот направени се и обуки за работна окупација на вработените и корисниците во Дневните Центри за лицата со попреченост со цел правилно користење на набавената опрема која ќе им служи на лицата со попреченост како и еднодневни обуки за учење на правилата за параолимписката спортска дисциплина „Бочија” согласно набавените реквизити во Дневните Центри, дополни Милевски.
Во рамките на буџетот од 2.360.256 денари набавени се три сета Сито печат со потребни репро материјали, три грнчарски вртникови колца, два разбоја, 54 силиконски модли четири компјутери, три принтери, две интерактивни табли како и три сетови репро материјали за изработка на магнетни украси и глинени украси. Исто така набавена е и опрема и реквизити за психомоторен развој и вршење на останати едукативно-културни активности: два кошa, четрири кошаркарски топки, една ролер слајд лизгалка, една лулашка, еден сунѓераст тунел, еден базен со топки, една алпинистичка карпа, три трицикли, еден активити панел, 16 подни подлоги, една трака за трчање, 10 Столчиња, две маси како и три лифткари.
Одржани 12 обуки за 4 вработени, 4 волонтери и 17 корисници од Дневен Центар Гевгелија; 4 вработени и 11 корисници од Дневен Центар Струмица; 1 вработен, 1 волонтер и 15 корисници од Дневен Центар Радовиш; 3 вработени и 10 корисници од Дневен Центар Валандово со цел збогатување на секојдневните активности и благосостојбата на лица со посебни потреби со воведување на рекреативни, културни и професионално ориентирани реквизити и опрема и опрема за достапност.
Главната цел на овој проект е социјализирање и инклузија на околу 53 лица со посебни потреби како и подобрување на квалитетот на нивниот живот и здравствената состојба.
Во посета на Дневен центар за лица со посебни потреби Порака во Радовиш директорката изрази задоволство за спроведување на проектот и очекува дека лицата со посебни потреби ќе бидат вклучени еднакво во општеството.
– Проектите од ваков вид се од посебно значење за нашата локална заедница и лицата со посебни потреби затоа што овозможуваат нивна инклузивност во работната и социјалната средина. Очекувам реквизитите кои се набавени да го збогатат амбиентот на нашиот дневен центар, да ги подобрат условите и да им помогнат на штитениците да стекнат нови професионални компетенции, додаде градоначалникот на општина Радовиш, Герасим Конзулов.
За крај Данче Поп-Иванова Илиева од Центарот за развој на Југоисточниот плански регион изјави: „Придобивките од проектот се многубројни. Од една страна ќе се овозможи вклучување на лицата со различни попречености во општествениот и социјалниот живот во Југоисточниот регион и зголемување на нивната самодоверба преку стекнување на нови знаења и вештини, а од друга страна овозможува подобрување на квалитетот на живот, ја зголемува нивната самодоверба, здравствената состојба, како и подобрување на секојдневниот престој во Дневните Центри.”