193
Со набавка на вкупно 11 современи машини за обработка на дрво за трите средни училишта СУГС „Ѓеорги Димитров” од Скопје, СОУ „Никола Карев” од Струмица и СОЗУ „Ѓорче Петров” од Кавадарци го унапредуваме и јакнеме средното стручно образование, и обезбедуваме подобри услови за потребата практична настава, соопшти министерката за образование Мила Царовска.
Овие машини значат многу за подобрување на квалитетот на часовите по практична наставата. Министерството за образование и наука продолжува силно да инвестира и да го поддржува средното стручно образование со кое се обезбедува квалитетен и баран кадар од страна компаниите, но и се зголемува можноста за поголема вработливост на младите, додава таа.