Вицепремиерот на Црна Гора, Дритан Абазовиќ рече дека ситуацијата околу Вељко Беливук зборува можеби најмногу за успехот на црногорската полиција.
Тој рече дека ова е со право најголемата тема во Србија во последните неколку месеци.
„Тогаш замислете го успехот на црногорската полиција, која се справи со водачите на Вељко Беливук, односно луѓето што му издаваа наредби“, рече Абазовиќ во интервју за „Нова.рс“.
Абазовиќ опиша како ги доживува односите со властите во Србија, степенот до кој црногорската и српската полиција соработуваат во борбата против мафијата, како и апсењето на членови на криминални кланови од Црна Гора, вклучително и оние за кои се верува дека се шефови на Беливук.
„Најголемиот пораз на црногорската и српската полиција е што овие групи успеаја да се развијат и зајакнат до тој степен што денес го третираме нивното процесуирање на овој начин“, посочува тој.