Рама решен да го отстрани Мета, ја посрамотил земјата

од Vladimir Zorba
259 прегледи

Премиерот на Албанија, Еди Рама, денес изјави дека е решен да го отстрани претседателот на Албанија, Илир Мета, од неговата позиција бидејќи „ја посрамоти земјата“.

Рама рече дека претседателот Илир Мета треба да биде разрешен затоа што тој го прекршил Уставот кога застанал на страната на една политичка партија за време на неодамнешните избори, пренесе АП.

Минатата недела, пратениците формираа истражен комитет за да одлучат дали ќе биде покрената постапка против претседателот Илир Мета, а 49 пратеници на Социјалистичката партија тврдат дека Мета го прекршил Уставот, бидејќи наместо да биде гарант за националното единство, тој застанал на страната на опозицијата уште пред изборите на 25 април.

Слични содржини