Кинеското население достигна 1,41 милијарди

од Stefanija Kuzmanovska
345 прегледи

Растот на населението во Кина во деценијата до 2020 година е најнизок според записите од 1950-тите, но популацијата е зголемена од пописот во 2010 година.

Резултатите од пописот за последната деценија, објавени денес, покажаа дека населението во Кина се зголемило за 5,38 проценти, на 1,41 милијарди, пренесува Ројтерс.

Тоа е помал пораст од 5,84 проценти и население од 1,34 милијарди жители на пописот во 2010 година од една деценија порано, а двоцифрени стапки на раст се забележани во сите претходни шест официјални пописи во Кина во 1953 година.

Овој број исто така потврдува дека Кина многу малку се оддалечила од целта што ја постави во 2016 година да го зголеми своето население на околу 1,42 милијарди до 2020 година.

Податоците за пописот, исто така, покажуваат зголемување на учеството на младите – 17,95 проценти од населението во Кина е на возраст од 14 години или помалку, во споредба со 16,6 проценти во 2010 година.

Во 2016 година, Кина ја замени својата политика за едно дете, воведена кон крајот на 1970-тите за да се запре „експлозијата“ на населението, со ограничување на две деца.

Обединетите нации предвидуваат дека бројот на луѓе што живеат во Кина ќе достигне врв во 2030 година пред да започне да се намалува.

На крајот на април, Фајненшл тајмс објави дека населението во 2020 година навистина се намалило во споредба со претходната година, повикувајќи се на анонимни извори кои биле запознаени со ова прашање.

Од 2016 до 2019 година, годишната стапка на наталитет во земјата главно се намали, со исклучок на 2016 година, а податоците за 2020 година сè уште не се објавени.

Ројтерс наведува дека урбаните парови, особено оние родени по 1990 година, повеќе ја ценат својата независност и кариера отколку семејството, и покрај притисокот на родителите да имаат деца, а зголемените трошоци за живот во големите кинески градови исто така ги обесхрабруваат паровите да имаат деца.

Слични содржини