Мицкоски разговарал со Туск: Го информирав за високиот степен на криминал

од Nikola Popovski
224 прегледи

Претседатело на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски соопшти дека имал телефонски разговор со претседателот на Европската народна партија Доналд Туск, кој воедно беше поранешен Претседател на Европскиот Совет и премиер на Полска.

„Разговаравме за актуелните случувања во земјава, го информирав за високиот степен на криминал и инволвираноста на високи претставници на владата во таквиот криминал кој поминува неказнет, како и широката распространетост на корупцијата и гушењето на слободата во земјата. Не е можен напредок, со корумпирано судство, не се можни фер избори со поткуп, и двојни стандарди. Не е можна нормалност со силеџиска и исплашена влада која турка закони за лични интереси на грбот на народот. Договоривме со Туск понатамошна соработка и поддршка во рамките на заедничките процеси во интерес на ВМРО-ДПМНЕ и Македонија. Благодарност за поддршката!“ напиша Мицкоски.

Слични содржини