Рама: ЕУ страда од амнезија, се надевам брзо ќе се опорави

од Vladimir Zorba
245 прегледи

Во интервју за Фајненшл Тајмс, албанскиот премиер Еди Рама рече дека демократијата во Албанија е во зародиш и додаде дека таа ќе достигне зрелост за многу кратко време, нагласувајќи дека Европската унија страда од амнезија, заборавајќи ја целта на своето постоење, пренесе „Репортери“.

– Во Албанија владее тинејџерска демократија и, како и секој тинејџер, тој има проблеми, но расте и ќе достигне зрелост за кратко време. Но, ако Албанија е тинејџерка, Брисел страда од амнезија за тоа кој е, зошто постои, кои се целите и причината на нејзиното постоење. На крајот на краиштата, тоа е најголемата сила на добар дел од човештвото и се надевам дека брзо ќе се опорави, бидејќи без неа, светот би бил многу полошо место – рече Рама.

Слични содржини