НАТО: Остануваме посветени на регионот, сите одлуки се донесуваат со консензус на сите 30 членки!

од Vladimir Zorba
189 прегледи

НАТО е посветено на регионот и сите одлуки се донесуваат со консензус на сите членки на алијансата, соопштија за српските медиуми од Алијансата и ја истакнаат важната улога на сојузот за безбедноста на Косово.

„НАТО со години придонесува за стабилноста на Западен Балкан и останува посветен на регионот. Нашата мисија на КФОР е основана врз основа на Резолуцијата 1244 на Советот за безбедност, за да обезбеди безбедно и сигурно опкружување и слобода на движење во корист на сите заедници што живеат на Косово, вклучително и остатокот од КФОР, се постигнуваат со консензус на сите 30 сојузници“, велат оттаму.

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ денеска изјави дека „една голема сила наскоро ќе започне со официјално барање за повлекување на КФОР и УНМИК од Косово, што би било апсолутна катастрофа за Србија“.

Вучиќ посочи дека ќе го замоли генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг да се заложи со своето влијание во западната алијанса тоа да спречи.

„Не знам дали некој е свесен што тоа би значело, јас сум многу загрижен“, вели Вучиќ, додавајќи дека се работи за разузнавачки податоци добиени од официјални извори и дека не може да изнесе повеќе детали.