Активирана бомба за време на молитва: Најмалку 12 мртви во експлозија во џамија во близина на Кабул

од Nikola Popovski
277 прегледи

Експлозија во џамија во Шакар Дар, Авганистан, уби најмалку 12 лица, а десетици се повредени, јавија авганистанските медиуми повикувајќи се на локалните власти.

Портпаролот на полицијата изјавил дека експлозивот бил поставен во џамијата и бил активиран за време на попладневната молитва.

Џамијата во Шакар Дари се наоѓа северно од авганистанскиот главен град Кабул.

Засега никој не ја презеде одговорноста за нападот, а полицијата соопшти дека истрагата е во тек.

Нападот се случи во време кога талибанците и авганистанската влада прогласија тридневен прекин на огнот поради муслиманскиот верски празник Курбан Бајрам.

Слични содржини