Нетанјаху: Лидерите на Хамас мислат дека можат да ни побегнат, ќе ги стигнеме секаде!

од Vladimir Zorba

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху предупреди денеска дека израелските напади на Појасот Газа нема да завршат наскоро, по интензивирањето на нападите врз таа палестинска област во која за само пет дена беа убиени повеќе од сто луѓе.

„Реков дека ќе го нападнеме Хамас и другите терористички организации и ќе им зададеме сериозни удари и ќе го сториме тоа. Тие плаќаат и скапо ќе плаќаат. Сè уште не е готово“, рече тој пред Нетанјаху по состанокот во Министерството на одбраната.

Осврнувајќи се на најновите конфликти, израелскиот лидер рече дека биле нападнати подземни тунели на палестинска територија.

„Лидерите на Хамас мислеа дека можат да ни побегнат. Тие не можат да побегнат. Можеме да ги стигнеме секаде, сите луѓе (Хамас) и ќе продолжиме да го правиме тоа”, рече тој, потсетувајќи дека Израел бил нападнат во понеделникот ноќ, кога беше одбележан Денот на Ерусалим, освојувањето на источниот дел на градот во Шестдневната војна во 1967 година.

Тој ја искористи можноста да им се заблагодари на американскиот претседател Џо Бајден, францускиот претседател Емануел Макрон, британскиот премиер Борис Џонсон, германската канцеларка Ангела Меркел и другите кои понудија поддршка.

„Тие се залагаа за нашето природно и очигледно право да се браниме, да дејствуваме во самоодбрана против оние терористи кои напаѓаат цивили и се кријат зад цивили“, рече израелскиот премиер.

Слични содржини