307
Претседателите на Србија и Словенија, Александар Вучиќ и Борут Пахор, кој е во посета на Србија, заедно со Министерот за финансии, Синиша Мали го посетија градилиштето „Белград на вода“.
Од висина од 200 метри, покрај знаменитостите на градот, тие го запознаа словенечкиот претседател со ценовникот, и тоа во сива конструкција, за квадрат во недовршените згради на „Белград на вода“.
„Пахор не ја криеше насмевката, па кој знае, можеби словенечкиот претседател ќе стане наш сограѓанин“, коментираат колегите од Нова.рс.