Кинеските власти открија два случаи на инфекција со коронавирус, како и два асимптоматски случаи во градот Џинку, кој има околу 2,3 милиони жители, соопшти денеска општинскиот комитет за хигиена и јавно здравје.
Сите заразени се вработени во иста компанија. Во моментов, на жителите на Џингку, во провинцијата Лиаонинг, им се препорачува да не го напуштаат градот, освен во случај на вонредна состојба.
Во четвртокот, источната провинција Анхуј забележа три случаи на Ковид-19.
Епидемиолошката истрага покажа дека еден од заразените пристигнал во провинцијата Далиан (провинција Лиаонинг) на 1 мај.
После тоа, епидемиолозите претпоставиле дека болеста првично се појавила во тој регион.
Експертите лоцирале 265 лица во Џингку, кои можеби имале контакт со заразените.
За време на тестирањето биле откриени пет позитивни тестови. Во моментов, 217 лица се ставени во карантин, а локалните власти го блокираат излезот од градот.
Како што објави денес кинеската национална здравствена комисија, државните власти откриле локални случаи на инфекција во Кина, во провинцијата Анхуј, за првпат во последните три недели.
До денес, таму се потврдени четири случаи на инфекција – два случаи во градот Хефеи (осум милиони жители) и два случаи во градот Луан (4,9 милиони).
Кина неодамна регистрираше 34 локални случаи на инфекција: четири во провинцијата Анхуј, два во провинцијата Лиаонинг и 28 во провинцијата Јунан во градот Цуили на границата со Мјанмар, каде што во април се појави жариште на коронавирус.