319
Министерот за здравство Венко Филипче информираше дека синоќа пристигнале 38.400 вакцини од производителот „АстраЗенека“ кои се обезбедени преку Ковакс механизмот.
„Вакцините ќе бидат наменети за ревакцинација и вакцинација на граѓани над 60 години. Количините постојано се надополнуваат, пријавете се на vakcinacija.mk,“ напиша Филипче на неговиот фејсбук профил.
Денеска се очекува и пристигнување на 100.000 дози „Синофарм“, донација од кинеската армија.