336
Граѓаните од регионот наскоро ќе може да се вакцинираат во Србија, вели српскиот претседател Александар Вучиќ.
Објасни дека наскоро ќе им биде овозможено на граѓаните на Македонија, Црна Гора и БиХ да се вакцинираат во Србија против коронавирусот.
„Србија има доволно вакцини. Наскоро ќе им овозможиме на сите граѓани на БиХ, Црна Гора и Македонија да можат да дојдат во Србија и да се вакцинираат“, рече Вучиќ.
Србија има доволно вакцини за разлика од другите земји од регионот. Во Србиај претходно примија вакцина над 23.000 луѓе од регионот, меѓу кои и голем број Македонци. Србија веќе почна со производство на руската вакцина Спутник В.