„Во Карпош постои еден целосен застој и не реализација на главните ветувања на актуелното раководство на општината од страна на СДСМ“, соопшти денеска потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски.
„СДСМ тука ја има и локалната и централната власт, но скоро ништо и да не испорача. Големи ветувања имаше пред четири години Стефан Богоев кој што е сега градоначалник, но од тоа не реализира ништо“, смета Николоски.
„Она што би можел да го нагласам како клучни ветувања а не се реализирани е изградбата на три базени од кои што немаме ни Б од базен, а камо ли да имаме три, понатаму ветувањето за градинка во Влае кое што не се реализира, имавме ветување за еден голем парк на реката Вардар кој што исто така не се реализира, како и ревизија на Деталните урбанистички планови кои не само што не се ревидирани, туку турбо се гради тука и се уништуваа и тоа малце зелена површина која што е останата во Карпош. Ова е причина плус да се случат промени на следните избори кои што доаѓаат во месец октомври и ноември. Ќе излеземе со исклучително квалитетно решение за градоначалник, се уште во моментот се прават испитувања на јавното мислење, така што оној или она кои што ќе се најдобри на тие испитувања помеѓу граѓаните ќе ја добијат довербата и од ВМРО-ДПМНЕ и ќе излеземе со многу квалитетна советничка листа која што ќе е поддршка на градоначалникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ“, истакна тој.