МВР соопшти дека три лица биле натепани во својот дом во населбата Илинден поради долг.
Според информациите, нападот бил извршен од С. В. (21), П. Ѓ. (19), С. М. (26) и Н. П. (26).
„Тие со употреба на сила влегле во домот на З. П. (52) во населбата Илинден, почнале да ја оштетуваат покуќнината и физички ги нападнале З. П., К. П. и Л. П.. Според пријавеното, З. П. во самоодбрана со остар предмет го повредил Н. П., кој бил пренесен во комплексот клиники „Мајка Тереза“ за укажување лекарска помош, a З. П., К .П. и Л. П. биле пренесени во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“, соопшти МВР.
Како што стои во пријавата, причина за нападот е наводен долг на К. П. кон напаѓачите.
Пријавените лица се приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави.