Германската канцеларка Ангела Меркел разговарала со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху за ескалацијата на конфликтот на Блискиот исток и ја изразила солидарноста на Германија со Израел.
Меркел навела дека Израел има право на самоодбрана и го осудила продолжувањето на ракетните напади врз Израел, од Појасот Газа, пренесува АП.
Германската канцеларка истакнала дека се надева оти конфликтите брзо ќе завршат, имајќи предвид дека има и жртви меѓу цивилите од обете страни.
Од кабинетот на Ангела Меркел наведуваат дека таа посочила дека германската влада ќе продолжи „решително да реагира против протестите во Германија, каде се шират омраза и антисемитизам“.
Една од водечките кандидати за наследничка на канцеларката Меркел, Аналена Бербок од германските зелени, ги осуди ракетните напади на Хамас и го поддржа израелското право на самоодбрана.
Таа ги повика Германија и Европската унија да ги поддржат напорите на американскиот претседател Џо Бајден да посредува меѓу завојуваните страни.