348
Градоначалникот на Општина Центар, Саша Богдановиќ, на денешната прес-конференција, на новинарско прашање за тоа колку долго може општината да го држи барањето за дозвола за изградба кај Холидеј Ин истакна дека од вчера истекува рокот од 20 дена.
Тој исто така истакна дека ја охрабрува антикорупциска да покренува што повеќе предмети, бидејќи општината веќе три години апелира дека некој претходно веќе донел одлука за продаденото земјиште.
- Согласно новиот заклучок донесен од Советот на општина Центар, рокот започна да тече од вчера. Во текот на 20 работни дена треба да се дополнат елаборатите, бидејќи имавме одредени пропусти. Преку постапката што ја имаме започнато можеме да постигнеме многу поголем успех, отколку да направиме суспензија што утре некој може да ја искористи, односно да ја тужи општината и да добие оштета, истакна Богдановиќ